Дома Фудбал Во Реал веќе не можат да го поднесат Винисиус Жуниор: „Тоа што го прави е недозволиво“

Во Реал веќе не можат да го поднесат Винисиус Жуниор: „Тоа што го прави е недозволиво“

Винисиус Жуниор повторно предизвика хаос во Мадрид. Незадоволен од замената направи сцена, а потоа се обиде да влезе во конфликт со играчите на Барселона. За легендата на клубот Фернандо Мориентес, таквото однесување на еден играч е недозволиво.

Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес, го нападна Винисиус Жуниор, поради однесувањето на теренот за време на Ел Класико. Го навреди однесувањето на Бразилецот откако Чаби Алонсо реши да го повлече од играта.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На 20 минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот, тренерот на кралскиот тим одлучи да го извади Винисиус и да го внесе Родриго. Тогаш настана хаос.

Бразилската ѕвезда почна да мавта со рацете, почна да негодува поради замената, а потоа замина право во соблекувалната без да се поздрави со тренерот.

За Мориентес ова е израз на огромно непочитување. Легендата на клубот добро знае што би направил со него.

„Пред сè, ова е недостаток на почит кон тренерот. Тој е тој што ги донесува одлуките”, наведува Мориентес за Cope и продолжува:

„Можеш да се лутеш, можеш да покажеш незадоволство, но тоа му го кажуваш на тренерот наредниот ден. Ова за мене е израз на непочитување за соиграчот што влегува во игра и момчето кое му е соиграч и во репрезентацијата. Ова е непочитување за навивачи, стручниот штаб, баш сите…”

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Барселона си признаа: Јамал го изеде атмосферата во Мадрид!

Рeал Мадрд ја совлада Барселона со 2:1 во десеттото коло на Ла Лига. Реал поведе на домаше…