Дома Фудбал Во Реал Мадрид беше вишок, а сега му се отворија најголемите врати во светот

Во Реал Мадрид беше вишок, а сега му се отворија најголемите врати во светот

Тој игра сезона од соништата, а повредата на неговиот колега од нападот би можела дополнително да му ги зголеми шансите за настап на Светското првенство. Бројките се на негова страна, а Карло Анчелоти сè внимателно следи.

Ендрик игра сезона од соништата во Лион, а повредата на Родриго би можела дополнително да му ги зголеми шансите за настап на Светското првенство. Бројките се на негова страна, а Карло Анчелоти сè внимателно следи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Кога реши да го напушти Реал Мадрид, многумина го кренаа своето внимание. Млад, талентиран, но без вистинска минутажа во Мадрид – Ендрик знаеше дека мора да игра.

Преминот во Олимпик Лион не беше бегство, туку план. Една од клучните причини беше јасна – да заработи место на Светското првенство.

Совет му даде човекот кој го познава одлично – Карло Анчелоти.

Италијанецот му сугерираше да побара средина каде што ќе игра редовно и така да го зголеми шансите за повик во репрезентацијата на Бразил.

Денес може да се каже дека Ендрик го погоди. Во Франција стана вистинска сензација.

Во само осум натпревари постигна пет голови и додаде четири асистенции. Бројки кои звучат сериозно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Мегваер дозна нова пресуда!

Хари Мегваер е обвинет за прекршок направен пред 6 години на Миконос. Фудбалерот на Манчес…