
Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал (18), повторно е во фокусот на трансфер шпекулациите, бидејќи според пишувањата на неколку медиуми, Пари Сен-Жермен се подготвува сензационална понуда вредна 350 милиони евра.
ПСЖ во минатото ја покажа својата подготвеност за големи инвестиции, и според наводите, во Јамал гледаат играч околу кој сакаат да изградат нова ера.
Јамал зад себе веќе има над 150 официјални настапи, а со своите голови и асистенции докажува дека не е само голем потенцијал, туку фудбалер кој веќе сега прави разлика на највисоко ниво.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Според истите извори, Барселона веќе еднаш одбил пониска понуда, но изгледа дека Парижаните сега се подготвени да одат значително понатаму.
🚨💣| BREAKING: Paris Saint-Germain are ready to pay a whopping €350 million to sign Barcelona winger Lamine Yamal. 💰🇪🇸
— GOAL ZONE (@GoalZoneX) March 24, 2026
[@fichajesnet] pic.twitter.com/6n4ASfw8jW
Се поставува прашањето дали каталонскиот клуб може да остане цврст и да одбие цифра што го поместува лимитот, бидејќи клубот сè уште се обновува од сериозни финансиски проблеми.
Од друга страна, неговото заминување би претставувало и силен спортски удар за проектот што го развива тренерот Ханси Флик.
Ако официјалната понуда од ПСЖ навистина пристигне на Камп Ноу, раководството на клубот дефинитивно ќе биде пред една од најтешките одлуки во последните години.