
Новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот започнува на 2 октомври, а денес управната комисија на НБА донесе одлука поврзана со шутевите од големи дистанци на крајот од четвртините.
Промената конкретно се однесува на статистичкото евидентирање за шутевите од далечина во текот на последните три секунди од првите три четвртини.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сите шутеви од најмалку 11 метри во наведениот временски интервал ќе се запишуваат како тимски обиди, наместо индивидуални, како што беше досега.
So expect even more long-range shots from players this season, which was behind motivation of the change and the league testing it at Summer League in July. The Competition Committee has been in support of the adjustment in recent months too. https://t.co/z9ue0Z219j
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 10, 2025
Правилото беше тестирано за време на Летната лига во Лас Вегас, како и на натпреварите во Јута и Калифорнија.
“Очекувајте уште повеќе шутеви од далечина од играчите оваа сезона, што беше и причината за промената и тестирањето на лигата во Летната лига во јули. Комисијата за натпревари исто така ја поддржуваше прилагодувањето во изминатите месеци”, објавија од лигата.
Минатата сезона, играчите погодуваа околу четири проценти од шутевите кои ги исполнуваат овие критериуми, според податоците од компанијата SportRadar.