Дома Фудбал Во Манчестер сити загрижени: Халанд на петерици го напушти „Етихад“ (Видео)

Во Манчестер сити загрижени: Халанд на петерици го напушти „Етихад“ (Видео)

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Хааланд на натпреварот од четвртфиналето на ФА Купот против Борнмут се повреди поради што со помош на штаки мораше да го напушти стадионот Виталити.

Хааланд ја напушти играта во текот на второто полувреме веднаш по постигнатиот изедначувачки гол, а за тоа e “виновен” Луис Кук кој падна врз неговиот скочен зглоб и го повреди.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По влезот на лекарската екипа, се сигнализираше дека не може да продолжи со натпреварот, па наместо него во игра влезе Омар Мармуш кој три минути подоцна постигна и победнички гол, носејќи ги Граѓаните во полуфиналето каде го чека Нотингем Форест.

“Не знам уште ништо, ќе мора да видиме”, беше првата реакција на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола по повредата на норвешкиот напаѓач.

Дека станува збор за сериозна ситуација сведочи и видеоматеријалот што кружи на социјалните мрежи и кој “вклучи” алармите во екипата на Граѓаните, затоа што Хааланд со помош на штаки го напушташе стадионот Виталити.

Дали станува збор за посериозна повреда, ќе ни биде појасно наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Детал од соблекувалната на ПСЖ покажа зошто Луис Енрике моментално е најдобриот тренер во светот

Луис Енрике се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако беше откриено…