Дома Фудбал Во Манчестер Јунајтед се штеди на се: Раководството го изненади фудблаерите со последниот потег

Во Манчестер Јунајтед се штеди на се: Раководството го изненади фудблаерите со последниот потег

Штедењето на сите нивоа кое го зафати Манчестер Јунајтед се гледа и во најновиот потег на управата на клубот, која одреди дека играчите ќе имаат право само на две бесплатни влезници за финалето на Лига Европа. Исто така, играчите ќе можат да купат најмногу десет влезници за финалето против Тотенхем, кое е закажано за 21 мај во Билбао на стадионот Сан Мамес, објавија британските медиуми.

Бесплатни влезници се укинати за вработените од Јунајтед, а управата тоа го правда со желбата што повеќе билети да се стават на располагање на навивачите. Двата финалиста имаат право на по 15 илјади влезници. Колку далеку оди штедењето во “Црвените Ѓаволи” покажува и најавата дека, доколку ја освојат Лига Европа, нема да има никаква прослава во некој луксузен ресторан, туку ќе се организира скара во тренинг центарот во Керингтон.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Откако британскиот милијардер Џим Ретклиф стана најголемиот поединечен акционер на Манчестер Јунајтед, следуваа различни мерки за штедење. Прво беа отпуштени 250 вработени во клубот, потоа пораснаа цените на одредени групи на влезници, а преостанатите вработени останаа без бесплатен ручек.

Последниот европски трофеј клубот од Олд Трафорд го освои во 2017 година, кога во финалето на Лига Европа во Стокхолм го победи Ајакс (2:0), а тогаш тренер беше Жозе Мурињо. Јунајтед последната трофејна парада низ улиците на Манчестер ја организираше во 2013 година, кога клубот последен пат беше шампион на Англија. Тоа беше во последната сезона на легендарниот тренер Алекс Фергусон.

Фото: Manchester United/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола тргнува по потпис на една од ѕвездите на Барселона

Пеп Гвардиола гледа кон Барселона и сонува за Дани Олмо. Манчестер Сити сака да донесе мод…