Дома Фудбал Во Манчестер јунајтед се на чекор од одлуката за нов тренер!

Во Манчестер јунајтед се на чекор од одлуката за нов тренер!

Иако Керик се покажа многу успешен како привремен тренер, раководството на Манчестер јунајтед не запира со потрагата по нов тренер.

Фокусот е префрлен на еден кандидат, откако шансите за ангажирање на Луис Енрике драстично се намалија.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Компанијата ИНЕОС е во потрага по идеален кандидат кој ќе ја преземе раководната функција откако Рубен Аморим беше отпуштен во јануари.

Раководството тогаш јасно стави до знаење дека конечното решение ќе биде одложено до завршетокот на сезоната.

Мајкл Карик беше назначен за привремен тренер, и ја стабилизираше ситуацијата, го претвори тимот во сериозен кандидат за место меѓу најдобрите четири во Премиер лигата.

Лидерите на Јунајтед сѐ уште ги разгледуваат сите можности, но се соочуваат со потешкотии во барањето на тренер со големо име.

Томас Тухел потпиша нов договор со Фудбалската федерација на Англија за уште две години, исто така и Карло Анчелоти е надвор од игра.

Де Зерби се поврзува со Тотенхем, додека формата на Кристал Палас под водство на Гласнер, кој има само една победа во последните 15 натпревари, предизвикува големи сомнежи за Австриецот.

Сите опции како да исчезнуваат, а Енрике е личноста што најмногу ја посакува Ретклиф, но веројатно и тој ќе ја продолжи соработката со ПСЖ

Така, шансите се зголемуваат дека Керик ќе остане тренер на Манчестер јунајтед и следната сезона, особено ако обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Тој би добил можност во летото да создаде тим според своите замисли и да тргне по големи успеси..

Со оглед на тоа дека тимот игра одлично откако тој е назначен, а и резултатите се импресивни, навивачите би биле повеќе од задоволни со оваа одлука на раководството.

Клучното е дека клубот конечно игра на начин кој го посакуваат фановите, и победите се редат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилепчанец и животот ќе го даде за Победа – најави самозапалување ако клубот престане да постои!

Еден од најпознатите навивачи во Прилеп, Кире Ивановски – Балче, преку објава на социјални…