Дома Фудбал Во Италија Јамал и Мусиала ќе беа во Серија “Б”, критичен е Клинсман

Во Италија Јамал и Мусиала ќе беа во Серија “Б”, критичен е Клинсман

Поранешниот напаѓач на Интер Јурген Клинсман се приклучи кон критиките за состојбата во која се наоѓа италијанскиот фудбал, откако земјата пропушти трето последователно светско првенство.

Според германската легенда на Чизмата не се обрнува доволно внимание на своите таленти, поради што со текот на времето тоа се одразува на нивните кариери. Тој ги даде за пример Ламин Јамал (Барселона) и Џамал Мусиала (Германија), кои уште од 16-17 годишна возраст почнаа редовно да играат за своите клубови и национални репрезентации.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Италија ја плаќа цената за недостатокот на лидери, на технички играчи и на доверба во младите. Во Италија, фудбалери како Ламин Јамал и Џамал Мусиала веројатно ќе играа во Серија Б за да стекнат искуство“, изјави Клинсман за „Раи Италија“.

Тој додаде и други аргументи, за да ги објасни причините за италијанскиот неуспех: „Тактичката култура е исто така пречка. Многу тренери, дури и денес, работат со цел да не загубат, наместо да сакаат да победат по секоја цена. И ете ги резултатите.“

Клинсман го сподели и своето лично разочарување од неуспехот на „азурите“: „Многу страдав заедно со моите италијански пријатели во Лос Анџелес. Во ноќта по натпреварот (против Босна и Херцеговина – бел. ред.) ми беше тешко да заспијам.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хамес Родригез примен во болница во загрижувачка состојба

Хамес Родригез е примен и задржан во болница поради тешка дехидратација која бараше стручн…