Иднината на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во Јувентус е неизвесна, пишуваат италијанските медиуми.
Јувентус е спремен да му понуди нов долгорочен договор со тоа што би му ја намалиле платата, но Влаховиќ не прифаќа такви услови.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Србинот на лето ќе влезе во последната година од договорот, па поради тоа Јувентус е спремен да го продаде.
Интерес за Влаховиќ има од Премиер лигата најсилен е интересот на Арсенал, кој е во потрага по нов напаѓач.
Јувентус за слободата на напаѓачот бара 60 милиони евра, сума која Арсенал е спремен да ја плати.