Дома Фудбал Влаховиќ сурово спуштен на земја! Србинот отпишан во Јувентус, па дознал за колку пари го продаваат

Влаховиќ сурово спуштен на земја! Србинот отпишан во Јувентус, па дознал за колку пари го продаваат

Јувентус го донесе Влаховиќ во јануари 2022 година од Фиорентина како големо засилување, и за српскиот напаѓач издвои над 80 милиони евра.

Сепак, се покажа дека тоа и не беше најдобар потег бидејќи во изминатите три години Влаховиќ не ги оправда очекувањата. Често е на мета на критики и изгледа дека дојде време секој да тргне по свој пат.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се шпекулира за заминувањето на Влаховиќ од Јувентус веќе со месеци и како што стојат работите, Србинот ова лето ќе ги спакува куферите и ќе ја побара својата среќа во нов клуб.

Игор Тудор му призна на овој 25-годишник дека во новата сезона не смета на него и дека Јувентус има цел да доведе нов напаѓач за време на летниот трансфер период, а Влаховиќ да го продаде.

Меѓутоа, она што посебно го привлече вниманието е цената што Јувентус ја одредил за Влаховиќ, што покажува колку во Торино сакаат да се ослободат од репрезентативецот на Србија.

Медиумите на Апенините наведуваат дека Јувентус за Влаховиќ бара „само“ 20 милиони евра што е значително помалку од сумата за која го донесоа од Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mожеше да биде великан во фудбалот, но избра пари и ја запечати својата судбина.

Поранешната ѕвезда на Челзи, Оскар, поради здравствени проблеми донесе тешка одлука и став…