
Барселона нема да располага со значителен буџет за доведување на нов централен напаѓач летово, ако одлучи да се раздели со Роберт Левандовски, како што се очекува. Каталонскиот гигант активно бара поекономични опции, а една од нив е српскиот голгетер Душан Влаховиќ.
Српскиот напаѓач е идентификуван како една од малкуте опции кои Барселона верува дека може да си ги дозволи, дури и при неизвесноста околу платниот таван. Договорот на Влаховиќ со Ювентус истекува и од „старата дама“ не покажуваат никакви знаци дека ќе му понудат обновување.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во исто време, италијанскиот гигант Милан исто така покажува сериозен интерес кон напаѓачот и може да стане сериозна конкуренција за неговиот потпис.
Бидќи ќе биде достапен како слободен агент, Влаховиќ веројатно ќе бара повисока плата. Според „Gazzetta dello Sport“, во Барселона веќе направиле преговори со агентите на играчот и договорот изгледа можен.
Се тврди дека платата на Влаховиќ веројатно ќе остане иста, каква што добива во Ювентус како највисокоплатен играч – околу 12 милиони евра годишно. Ова би го поставило на врвот на платната скала и во Барселона, но тој би го заменил Левандовски, кој е еден од малкуте играчи надвор од сегашната финансиска рамка на клубот. Италијанскиот извор забележува дека интересот на Милан засега останува непроменет, а германскиот шампион Бајерн Минхен исто така ја следи ситуацијата.
Една од главните причини што Барселона инсистира на зделката е недостатокот на други економски изгодни алтернативи на пазарот.