
Душан Влаховиќ повторно е во центарот на вниманието поради можноста за преминување од Јувентус, а овој пат главен заинтересиран изгледа дека е англискиот гигант Манчестер Јунајтед кој бара да воскресне.
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ летово се најде во немилост кај Јувентус. Одби да продолжи договор со пониска плата, не сакаше трансфер во Турција и Саудиска Арабија, па така се нарушија односите меѓу него и раководството.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
На крајот на оваа сезона, Влаховиќ би можел да го напушти клубот како слободен агент, но сепак постои можност Јуве да оствари некаква заработка од неговиот трансфер уште во јануари.
Манчестер Јунајтед, обидувајќи се да се избори со предизвиците, активира нова потрага за напаѓач. Влаховиќ е виден како идеалното засилување за тимот.
“Влаховиќ е поизгледно дека ќе заврши во Манчестер Јунајтед отколку на Стемфорд Бриџ,” изјавува Gazzetta dello Sport, додавајќи:
“Иако Челси покажува интерес, Црвените ѓаволи се во водство за неговото ангажирање. Се уште не е јасно дали трансферот би се реализирал уште во јануари или ќе чекаат до крајот на сезоната по истекот на договорот на Влаховиќ.”
Манчестер Јунајтед и покрај засилувањата што ги доведе летово, не успева да ја надмине кризата што ги мачи со години. Моментално се на 14-то место на табелата со скромни седум бодови.
“Конкуренцијата летото ќе биде жестока. Клубот веќе ги ангажираше Матхеус Кунха, Бенџамин Шешко и Брајан Мбееумо, но сето тоа не е доволно. Влаховиќ е на нивната листа на желби.”
Платата што ја нудат на Влаховиќ е сосема според неговите очекувања.
На маса е поставен износ од 370.000 фунти неделно, што изнесува повеќе од 19 милиони фунти годишно. Ова е токму тоа што Влаховиќ го бараше.
Моментално е најплатен играч во Серија А со плата од 12 милиони евра нето.
Покрај Манчестер Јунајтед, интерес за Влаховиќ покажува и минхенскиот Баерн. Постојат информации дека Баварците ќе се вклучат во борбата за него следното лето.
“Душан Влаховиќ е на радарот на Баерн. Разговорите порано не донесоа договор, но тој е напаѓачот што го бараат,” изјави Кристијан Фалк.