Дома Фудбал Винисиус прв го започнал конфликтот со Симеоне, Атлетико Мадрид излезе со гневна изјава

Винисиус прв го започнал конфликтот со Симеоне, Атлетико Мадрид излезе со гневна изјава

Конфликтот помеѓу ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, за време на вчерашното дерби продолжува да биде главна тема во шпанските медиуми.

Двајцата влегоа во сериозна конфронтација за време на синоќешниот дуел за Суперкупот на Шпанија, вклучително и по замената на Бразилецот, при што добија и жолти картони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Добро познати станаа фразите што аргентинскиот тренер на Атлетико му ги кажа на Винисиус: “Флорентино ќе те продаде” и “Слушни, публиката повторно те освиркнува”.

Шпанските медиуми, вклучително и “Марка”, извадија снимки што покажуваат нов развој на случката. Во суштина, прв Винисиус испраќа потсмешливи реплики кон клупата на Атлетико.

Сè почна кога “јорганџиите” имаа барање за пенал во првото полувреме во 40-тата минута по блокираниот удар на Хулиан Алварез во телото на Антонио Рудигер во казнениот простор на Реал.

Гледајќи како од клупата на Атлетико протестираат, Винисиус им се обраќа со очигледно потсмешлив однос: „Да, да, ќе ви досудат пенал“. Оваа фраза ја слуша Чоло Симеоне, кој му вели на Бразилецот да си ја гледа играта. Винисиус пак продолжува да провоцира и му одговара на Аргентинецот: „Смири се, сега ќе ти досудат пенал“. Тогаш доаѓа одговорот на тренерот на “рохибланкос”, во кој е вмешано и името на Флорентино Перез.

Последователно, конфликтот меѓу двајцата продолжи и по замената на фудбалерот на крајот од вториот дел, кога повторно се закачја еден со друг, а Симеоне му вели на Бразилецот да ги слушне навивачите што го освиркуваат.

По овој повод, од Атлетико Мадрид излегоа со изјава за случката, логично застанувајќи во одбрана на својот тренер.

“Интересно е колку време некои луѓе трошат за анализирање на реакцијата… и колку малку време посветуваат на разјаснување на провокацијата што ја предизвикува. Modus operandi (нешто што се подразбира како начин на дејствување и/или однесување), да, тоа е класика”, напишаа од Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…