Дома Фудбал Винисиус кажа „да“, плата од 27 милиони евра!

Винисиус кажа „да“, плата од 27 милиони евра!

Сагата за иднината на бразилскиот ас се чини дека е при крај. Според информации кои доаѓаат од Шпанија, Винисиус Жуниор е многу блиску до потпишување нов договор со Реал Мадрид, кој би го задржал на Сантијаго Бернабеу до летото 2030 година.

Веста ја објави шпанскиот новинар Томас Гонзалес-Мартин, кој изјави дека преговорите се во завршна фаза и дека двете страни постигнале начелен договор за клучните финансиски детали.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Според тие информации, основната плата на Винисиус би била околу 22 милиони евра годишно, но со бонусите таа сума би можела да порасне до 27 милиони евра по сезона. Станува збор за бонуси поврзани со индивидуалниот учинок и тимските успехи, што е стандардна пракса во модерните договори на најголемите ѕвезди.

Иако неговиот актуелен договор трае до 2027 година, Реал Мадрид сакаше да ја осигура неговата долгорочна иднина и јасно да испрати порака дека Винисиус е еден од темелите на проектот за следната деценија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жегрова ќе го сонува промашувањето во продолженијата: Херојската победа на Јувентус не беше доволна за осминафинале! (Видео)

Фудбалскиот тим на Јувентус вечерва успеа на кратко да се врати во живот во Плеј-офот на Л…