Дома Останати Ракомет ВИДЕО Судија се онесвести на ракометен натпревар во ЛШ. Неговиот партнер судеше сам

ВИДЕО Судија се онесвести на ракометен натпревар во ЛШ. Неговиот партнер судеше сам

Ракометниот тим на Веспрем беше домаќин на Спортинг во 12. коло од групата А од ракометната Лига на шампиони. Во возбудлив натпревар Унгарците победија со 33:32, а решавачкиот гол го постигна Гашпер Маргуч од седмерец.

Веспрем по оваа победа го потврди првото место во групата на две кола до крајот на групната фаза. Моментално водат со 22 бода, шест повеќе од второпласираниот ПСЖ, додека Спортинг е трет со 15 бодови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За жал, натпреварот не го одбележа самиот ракомет, туку судијата Јеспер Мадсен, кој се онесвести на крајот од првото полувреме и повеќе не можеше да го продолжи натпреварот.

Данскиот судија по неколку моменти се освести, но по пет минути асистенција беше изнесен од салата на носилки.

Остатокот од натпреварот го судеше неговиот судиски партнер Мадс Хансен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…