На интернет стана вирално видео од млад Бразилец по име Лука Селико Леите како вешто ја движи топката низ фудбалскиот терен.
Овој 16-годишник не би бил особено познат доколку неговиот татко не бил легендарниот Рикардо Изексон дос Сантос Леите, попознат како Кака. Видеото погледнете го ТУКА.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Физичката сличност меѓу двајцата е огромна, а стилот на игра на Лука го потсетува и на неговиот славен татко кој остави неизбришлива трага во историјата на фудбалот.
Поранешниот играч на Милан и Реал Мадрид ја освои „Златната топка“ за прв и единствен пат пред 17 години и стана само осмиот играч кој ја освоил Лигата на шампионите и Светското првенство, покрај наградата за најдобар играч во светот според Франс Фудбал.
Прекарот Кака, по кој е познат ширум светот, му го дал неговиот помлад брат Дигао, кој не знаел добро да го изговори името Рикардо. Кака ја освои светската титула во 2002 година во дресот на бразилската репрезентација, додека со Милан беше освојувач на Лигата на шампионите во 2007 година.