Дома Фудбал (Видео) Обезбедувањето го држеше Винисиус да не го нападне Јамал – познато е што му викал

(Видео) Обезбедувањето го држеше Винисиус да не го нападне Јамал – познато е што му викал

Реал Мадрид на свој терен ја победи Барселона со 2:1 во десеттото коло на Ла Лига. Со триумфот во Ел Класико се издвои на врвот со пет бодови предност пред големиот ривал и актуелниот шампион на Шпанија. Еден од најголемите дербија беше бурен за време и по натпреварот, а по жестока борба, најмногу се зборува за Винисиус.

„ДАЗН“ откри што му викал на својот тренер Алонсо кога бесен излегол од игра, но тоа не беше негов единствен инцидент на натпреварот. По завршувањето на натпреварот, играчите се упатија кон соблекувалната, а Винисиус поттрча на теренот и нешто му викал на Ламин Јамал. Обезбедувањето мораше да го држи за да не дојде до физички конфликт со ѕвездата на Барселона.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Ти само ја враќаш топката назад”, викал Винисиус според пишувањето на Марка. Тој не беше единствениот што го критикуваше крилниот напаѓач на Барса. Дани Карвахал му викал: “Многу зборуваш, зборувај сега!”, а пишувавме дека легендите го обвинија за поразот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео Винисиус го провоцираше Симеоне. Чоло го пријави на судиите, но неуспешно.

Возбудливото дерби во Мадрид меѓу Реал и Атлетико (3:2) во 29. коло од Ла Лига беше динами…