Дома Фудбал (Видео) Неверојатниот Меси со два гола и асистенција го одведе Мајами во полуфинале на Истокот

(Видео) Неверојатниот Меси со два гола и асистенција го одведе Мајами во полуфинале на Истокот

Лионел Меси со феноменална изведба го одведе Интер Мајами во полуфиналето на Источната конференција во МЛС. Во одлучувачкиот натпревар со Нешвил, Меси постигна два гола и асистенција и така беше клучен во победата од 4:0, односно во вкупната победа од 2:1 во серијата.

Меси постигна за 1:0 во десеттата минута со низок удар од нешто повеќе од 16 метри, а до 2:0 зголеми во 39. минута од слична ситуација, но овојпат на празен гол. Во 76. минута Тиаго Алмада погоди за 3:0, по што три минути подоцна Меси му асистираше за конечните 4:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај блескавото изведување со кое го одведе Интер Мајами во следната фаза на натпреварувањето и за тоа на „Софаскор“ доби оценка 10, Меси постигна и јубилеј. Асистенцијата на Алмада му беше дури 400-та во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси и неговото семејство синоќа дознаа страшни вести!

Лео Меси имаше навистина добра сезона зад себе, а неговиот фокус, секако кога е во прашање…