Дома Останати Тенис ВИДЕО Ѓоковиќ се качи на маса и танцуваше во ресторан во Грција

ВИДЕО Ѓоковиќ се качи на маса и танцуваше во ресторан во Грција

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на турнирите во Монтреал и Синсинати со цел да се одмори и да се подготви за УС Опен, последниот Гренд слем турнир за сезонава. За време на својот одмор, Ѓоковиќ одлучи да си земе кратка пауза и да помине време со своите пријатели.

Неколку дена по неговиот престој во Националниот парк Дурмитор во Црна Гора, каде со семејството уживаше во природната убавина, на социјалните мрежи се појави видео од неговиот престој во Грција. На видеото, тој е со добро расположение, се качи на маса и танцуваше на позната грчка песна.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, неговиот одмор наскоро завршува. УС Опен започнува на 24 август, и Ѓоковиќ ќе се стреми да ја освои својата 25-та Гренд слем титула. Покрај Грција и Црна Гора, Ѓоковиќ беше и во Хрватска, каде помина време на Корчула заедно со Лука Модриќ, Матео Ковачиќ и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Потоа се упати кон Миконос, каде престојуваше во луксузна вила, а со него беа и најмладиот брат Ѓорѓе со сопругата и синот покрај неговата сопруга и деца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Kаде има пари, таму играат: Алкараз и Синер повторно ќе водат битка на далечна локација!

Додека трае дебатата за предолгата тениска сезона и исцрпувачките натпревари, и среде крит…