Дома Фудбал Вест на денот од Барселона – Нико Вилијамс

Вест на денот од Барселона – Нико Вилијамс

Флоријан Плетенберг, веродостоен новинар на Скај спорт, денес откри ексклузивни информации дека во Баерн Минхен денеска дознале дека Нико Вилијамс е свртен само кон Барселона. 

Тој додава дека во наредните 24 часа се очекуваат нови преговори меѓу Барселона и агентот на Нико Вилијамс, а претседателот Жоан Лапорта е подготвен да го реализира трансферот доколку Ла Лига ја одобри неговата регистрација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барса во тој случај би ја активирала откупната клаузула која изнесува 58 милиони евра, со што Атлетик Билбао повеќе не би можел да го блокира неговото заминување.

Скај спорт истакнува дека клучен потег направил и лично Ханси Флик, кој го контактирал Нико Вилијамс и му објаснил како го гледа во својот проект, што довело до пресврт. 

Нико Вилијамс веќе ги информирал сите заинтересирани, не само Баерн Минхен, туку и Арсенал и Челси, дека Барса е неговата прва мисла и дека се насочил кон трансферот на “Камп Ноу”, па останува да видиме во наредните денови понатамошните чекори во преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го претстави Конор Галагер

Тотенхем официјално ја потврди трансакцијата на Конор Галагер од Атлетико Мадрид. „Спарс“ …