Дома Фудбал Вердер не го повика Озил на ревијален натпревар: Тргна по лош пат

Вердер не го повика Озил на ревијален натпревар: Тргна по лош пат

Дијего (40), поранешниот бразилски играч од средината кој ја заврши својата фудбалска кариера во 2023 година, во сабота со почеток од 18 часот ќе одигра ревијален, проштален натпревар во дресот на Вердер. Како дел од клубот од Бремен, тој го претставуваше од 2006 до 2009 година, со 132 натпревари, 54 гола и 42 асистенции, и ја освои германскиот куп во 2009 година.

Во прошталниот натпревар ќе учествуваат играчи со кои играл заедно во бразилската репрезентација, Вердер, Јувентус, Волфсбург, Атлетико Мадрид, Фенербахче и Фламенго, клуб во кој ја заврши кариерата. Меѓу поканетите играчи не се најде некогашниот германски репрезентативец од средината Месут Озил (36) и пензионираниот германски голман Тим Визе (43). Двајцата беа дел од освојувањето на трофејот за Вердер во 2009 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Портпаролот на Вердер даде изјава за Билд: „Со Диего се договоривме да не го ставиме Месут на списокот на гости затоа што во последно време тргна по пат кој не е во согласност со вредностите на Вердер Бремен“. Билд објаснува дека ова се однесува на бликоста на Озил со Сивите волци, десничарска екстремистичка турска организација, чија тетоважа ја има на градитее.т.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Апсурд: Најслабиот тим во Европа може да се најде на бараж за Светско Првенство 2026

Сан Марино, убедливо најслабиот национален тим во европските квалификации, неочекувано се …