Дома Фудбал Венгер сурово по Ел Класико: Реал против Барселона делуваше како мажи да играат против деца

Венгер сурово по Ел Класико: Реал против Барселона делуваше како мажи да играат против деца

Барселона претрпе пораз од Реал Мадрид со резултат 2:1 на стадионот Сантијаго Бернабеу со што заврши нејзината серија победи во Ел Класико.

Каталонците имаа блед настап, далеку под своето вообичаено ниво.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тимот на Ханси Флик, кој поради суспензија пропушти да ја води екипата од клупата, не успеа да го пронајде ритамот против разиграните домаќини.

Повеќе играчи на Барселона одиграа под просек, вклучувајќи го и нерасположениот Ламин Јамал, додека Реал Мадрид изгледаше доминантно во сите сегменти на играта.

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека разликата во квалитетот била очигледна.

„Ел Класико изгледаше како дуел на мажи против момчиња. Одбраната на Реал Мадрид беше многу посилна, додека во нападот постојано изгледаа опасно. Барселона имаше посед, но без вистинска закана за гол. Морам да го пофалам Ќаби Алонсо, одliчно го избалансира својот тим”, рече Венгер за дневниот весник Ас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео Винисиус го провоцираше Симеоне. Чоло го пријави на судиите, но неуспешно.

Возбудливото дерби во Мадрид меѓу Реал и Атлетико (3:2) во 29. коло од Ла Лига беше динами…