Дома Останати Кошарка Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спарс, кој се враќа во составот по речиси еден месец пауза поради истегнување на листот на левата нога, порача дека ги почитува најголемите ѕвезди на НБА лигата – но дека себеси се гледа на самиот врв.

Во разговор за ESPN, 21-годишниот кошаркар зборуваше за тоа кој во моментов е најдобриот играч во НБА лигата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Мислам дека Никола Јокиќ е најдобриот офанзивен играч. Не мислам дека е најдобриот играч воопшто. Тешко е да се каже, мислам дека тоа е меѓу Јанис Адетокумбо и Шеј Гилџес-Александер. Кога ќе се вратам на теренот – мислам дека тоа ќе бидам јас“, самоуверено изјави Вембањама.

Неговото враќање доаѓа во многу важен момент за Спарс. Вембањама доби зелено светло и ќе биде подготвен да настапи против Оклахома Сити Тандер во сабота во Ти-Мобајл арената во Лас Вегас. Тој натпревар го одлучува патникот во финалето на НБА купот, а воедно се смета и како натпревар од регуларната сезона.

„Се чувствувам добро. Малку сум уморен бидејќи штотуку завршив кардио тренинг, но генерално се чувствувам одлично. Мислам дека во текот на изминатите две недели, можеби дури и месец дена, ги правевме вистинските работи. Подготвен сум.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Чикаго ја прекинаа серијата од седум порази по ред, Детроит постигна 142 поени (Видео)

Чикаго Булс ја прекинаа серијата од седум порази, победувајќи во гости со 129-126 против Ш…