Дома Фудбал Велкоски не запира: На Ристовски и Елези ќе им се придружи поранешен фудбалер на Јувентус?!

Велкоски не запира: На Ристовски и Елези ќе им се придружи поранешен фудбалер на Јувентус?!

Како што објави 24сата, ФК Сараево е заинтересиран да го донесе некогашниот играч на Јувентус и Динамо Загреб Марко Пјаца (30).

“Пјаца би можел наредната сезона да го облече дресот на Сараево! Вчера примивме оваа вест од доверлив извор од БиХ, а потоа истата информација ни ја потврдија уште две-три сигурни извори,” објавија на 24сата.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Исто така, Пјаца има понуди од Турција и Саудиска Арабија.

Марко Пјаца минатата сезона настапуваше за Динамо. Во 42 натпревари постигна девет голови и исто толку асистенции.

Во минатото настапуваше за Ријека, Јувентус, Емполи, Торино, Џенова, Андерлехт, Фиорентина, Шалке и Локомотива.

Сараево се стреми да создаде моќен тим со цел да го остварат својот амбициозен план – освојување на шампионската титула во БиХ.

Откако Крсте Велкоски беше назначен за нов спортски директор во клубот пристигнаа: Адем Љајиќ, Гојк Цимрот, Стефан Ристовски, Михаел Млинариќ, Агон Елези…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус се обидува да ја убеди ѕвездата на Ливерпул да дојде во Реал Мадрид

По неговата улога во потпишувањето на Џуд Белингем (22) и Килијан Мбапе (27), Винисиус Жун…