Дома Фудбал Вечерва ќе ги дознаеме првите четвртфиналисти на Лигата на шампионите, дербито во Англија

Вечерва ќе ги дознаеме првите четвртфиналисти на Лигата на шампионите, дербито во Англија

Четири реванш натпревари од осминафиналето на УЕФА Лигата на шампионите, се на распоред вечерва во Барселона, Леверкузен, Милано и Ливерпул, по кои ќе ги дознаеме првите учесници во четвртфиналето, најелитното фудбалско натпреварување во Европа.

Интересен меч и дерби можеме да очекуваме на „Енфилд“, според првиот натпревар, каде што ПСЖ напаѓаше и беше многу подобра екипа, но Ливерпул се радуваше со 1:0 на „Паркот на принцовите“ со голот на Елиот.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Баер Леверкузен на „БајАрена“ го пречекува Баерн Минхен и ќе мора да надокнади дури 3:0 од првиот натпревар, така што Баварците, освен ако не се случи чудо, се во најдобра позиција да ја обезбедат „картата“ за меѓу осумте најдобри.

Интер ќе има предност од два гола, кој лесно доби во првиот меч во Ротердам со 2:0, а сега ја има и предноста на домашниот терен на „Џузепе Меаца“.

Единствениот меч од вечерните четири, што започнува во 18:45, е оној во Барселона, каде тимот на Ханзи Флик има 1:0 од гостувањето кај Бенфика.

Мечевите во Леверкузен, Милано и Ливерпул се на програмата од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срам од епски размери: Навивачите на „Енфилд“ ја избркаа поранешната ѕвезда на ПСЖ!

Фудбалерите на Ливерпул го завршија натпреварувањето во Лигата на шампионите за оваа сезон…