Легендарниот американски кошаркар Двејн Вејд проговори за здравствените проблеми со кои се соочувал во последниот период, откривајќи детали за неговата борба со сериозна болест.
Поранешниот НБА шампион признал дека подолго време чувствувал болки во стомакот, но не побарал лекарска помош веднаш, туку одложил посетата на доктор, што подоцна се покажало како погрешна одлука.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
По деталните лекарски прегледи, му бил дијагностициран тумор на бубрегот, по што била препорачана итна хируршка интервенција. При операцијата, лекарите успеале да му отстранат 40 проценти од туморот, а сега Вејд се чувствува многу подобро и закрепнува.
„Тоа беше најтешкиот период во мојот живот. Во тие моменти едвај наоѓав сила да продолжам“, изјави Вејд