Дома Фудбал Важеше за еден од најголемите таленти во Европа, а сега заврши на место каде што никој не очекуваше4

Важеше за еден од најголемите таленти во Европа, а сега заврши на место каде што никој не очекуваше4

Суперталентираниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, ја продолжува својата кариера во Копенхаген, објавија клубовите од Германија и Данска.

Повремениот член на германската репрезентација потпиша петгодишен договор со Копенхаген – до летото 2030 година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Медиумите информираат дека овој трансфер е вреден пет милиони евра.

Младиот фудбалер, со потекло од Камерун, се сметаше за еден од најталентираните германски играчи последниве години. Тој дебитираше за А селекцијата на Германија кога уште немаше наполнето 18 години – во ноември 2022 година, на пријателскиот натпревар против Оман, станувајќи најмлад дебитант за Германија уште од легендарниот Уве Зелер во 1954 година.

На 23 ноември имаше прилика да настапи на Светското првенство против Јапонија, заменувајќи го Серж Гнабри, и стана најмладиот германски фудбалер на Светско првенство, на возраст од само 18 години и 3 дена.

Сепак, со времето не успеа да се наметне за подобра позиција во Борусија Дортмунд. Имаше и контроверзии околу неговата возраст. Официјално има 20 години, но минатата година се појавија информации дека Мукоко е всушност четири години постар.

Мукоко е дел од системот на Борусија од 2016 година. За првиот тим на Дортмунд одигра 99 натпревари, постигна 18 голови и оствари осум асистенции.

Во втората половина од минатата сезона играше на позајмица во Ница. Забележа 22 настапи, постигна два гола и оствари три асистенции.

Фото: Borussia Dortmund/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Лука Јовиќ си замина од Милан!

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ од следната сезона повеќе нема да биде дел од италијан…