Дома Фудбал Вардар со победа во Битола се врати на врвот! (Видео)

Вардар со победа во Битола се врати на врвот! (Видео)

Фудбалерите на Вардар повторно ја потврдија доминацијата во „вечното дерби“, откако по третпат по ред го совладаа Пелистер — овојпат на гостински терен во Битола со резултат 2-1.

Првото полувреме мина во рамноправна борба и неколку полу-шанси на двете страни, но мрежите мируваа. Вардарците во самиот финиш на првиот дел бараа пенал по една спорна ситуација, но ниту главниот судија, ниту ВАР-собата не реагираа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вардар го отвори резултатот во 54. минута со прекрасен погодок на Мато, кој со удар од далечина ја затресе мрежата на домашните. Радоста на „црвено-црните“ траеше само шест минути — Петар Петковски, поранешен играч на Вардар, израмни на 1-1 и го врати Пелистер во игра.

Сепак, решавачкиот момент дојде во 83. минута, кога судијата досуди пенал за Вардар. Сигурен реализатор од белата точка беше Закариќ, кој го постави конечниот резултат.

Со овој важен триумф Вардар се врати на лидерската позиција на табелата со 30 освоени бода — два повеќе од Струга и шест пред Шкендија, која има натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…