Дома Фудбал Вардар потпиша со Аргентинец кој играл и за Бока!

Вардар потпиша со Аргентинец кој играл и за Бока!

Во пресрет на новата сезона и европските предизвици, Вардар продолжува со засилувања. Најново име во редовите на „црвено-црните“ е 26-годишниот Аргентинец Диего Факундо Кастањеда, кој пристигнува од црногорскиот прволигаш Петровац.

Минатата сезона Кастањеда ја заврши со солиден учинок, седум погодоци и пет асистенции. Неговата кариера вклучува и престој во редовите на аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс, каде настапуваше за младинскиот и „Б“ тимот на клубот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од Вардар не кријат задоволство од новото засилување, нагласувајќи ги неговите квалитети: „Брзината, техниката, прецизните додавања и борбениот дух се одлики што го издвојуваат Кастањеда како значајно офанзивно оружје. Тој е автентичен производ на аргентинската фудбалска школа.“

Вардар, кој летово ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Конференциската лига, за противник во првото коло ја доби екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. Новото засилување е дел од подготовките за тие меѓународни предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите напаѓачи во Серија А за 52 милиони евра пред потпис со Манчестер Јунајтед!

Најдобриот играч на Фиорентина, Мојс Кин (25), наскоро би можел да го напушти клубот, што …