Дома Останати Ракомет Вардар имаше среќа: Доби одлична група во Лига Европа!

Вардар имаше среќа: Доби одлична група во Лига Европа!

Македонскиот ракометен великан Вардар може да биде задоволен од денешната ждрепка за групната фаза од Европската лига – црвено-црните добија противници со кои, барем на хартија, можат да се носат рамноправно.

Од првиот шешир, Вардар за ривал го доби шведскиот Кристианштад – деветкратен шампион на својата земја и вицешампион од минатата сезона. Иако станува збор за квалитетна екипа со сериозно искуство во европските натпреварувања, Кристианштад сепак не припаѓа на самиот врв на ракометната елита.

Дополнителен мотив за вардарци е и позитивната традиција во меѓусебните дуели – македонскиот тим има стопроцентен учинок против Швеѓаните, победувајќи ги на сите четири досегашни пресметки.

Во групата со Вардар ќе биде и француски Тулуз, додека четвртото мессто ќе биде пополнето со подобриот од пресметката помеѓу Дуго Село и Сесвете.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар е подготвен за Нант, утре дома оди по првите бодови во ЛШ!

Ракометарите на Вардар утре го играат натпреварот против Нант во рамките од второто коло в…