Дома Останати Ракомет Вардар го реши и тренерското прашање: Милано останува на кормилото!

Вардар го реши и тренерското прашање: Милано останува на кормилото!

Тренерот Гиљермо Милано и следната сезона ќе седи на клупата на Вардар и ќе го предводи тимот. Клубот и Аргентинецот се договорија на нова соработка која треба да донесе и нови радости за најтрофејниот македонски клуб.

Милано дојде во Вардар во ноември 2024 година и оттогаш има биланс од 18 победи,  два натпревари завршија со реми (двата на гостински терен) и само еден пораз, и тоа во 2024 година. Меѓу другото го победи Мелсунген во Скопје во Лига Европа, и триумфираше во Битола кај Еурофарм Пелистер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Клубот има шанси да ја освои двојната круна во Македонија. Викендов игра во полуфиналето на Ф4 турнирот во Охрид, а во првенството е на чекор до враќање на титулата. Треба да игра натпревар со Тиквеш во гости, а потоа во последното коло пред домашна публика со Еурофарм Пелистер ќе се решава за шампионската титула.

Милано е професионалец со над 20 години искуство како тренер во клубови и во машката репрезентација на Аргентина. Има учествувано на над 50 меѓународни турнири, вклучувајќи 4 Олимписки игри, 19 светски првенства, 4 Панамерикански игри, 4 Јужноамерикански игри, 16 Панамерикански првенства и 20 меѓународни турнеи.
Во своето тренерско образование има учено и бил на обуки на многу познати тренери како Талант Дујшебаев, Мануел Каденас, Мануел Лагуна, Дидие Динар, Ксавиер Пасквал и Тони Жерона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…