
Екипата на Вардар денеска и официјално ги претстави најновите засилувања, напаѓачот Фахад Азиз Бајо и стоперот Муса Раматан, двајцата пристигнуваат од Уганда.
Бајо, 27-годишен класичен шпиц со можност да делува и на крилните позиции или како офанзивен среден ред, се обврза на двегодишна соработка со „црвено-црните“, со клаузула за продолжување на уште една сезона.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Неговиот сонародник, 23-годишниот дефанзивец Раматан, потпиша тригодишен договор, исто така со можност за автоматско продолжување на уште една година.
Со овие двајца интернационалци, Вардар значително ја зајакнува конкуренцијата во нападот и одбраната пред продолжението на сезоната.