Дома Фудбал Вардар ги пушти билетите во продажба за дуелот против Лозана

Вардар ги пушти билетите во продажба за дуелот против Лозана

Фудбалерите на Вардар го продолжуваат своето европско поглавје, а следниот предизвик доаѓа во четврток, на 24 јули, кога на националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречекаат екипата на Лозана.

Натпреварот од второто квалификациско коло на Конференциската лига ќе започне во 20:30 часот, а од денеска се пуштени во продажба и влезниците за овој дуел.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Билетите се достапни по цени од 100 и 300 денари, во зависност од позицијата на трибините, а сите навивачи се повикани да дојдат и да го поддржат Вардар во битката за следната рунда во Конференциската лига.

Билетите може да се купат на следниот ЛИНК. 

Фото: mktickets.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гигантите во битка за Хрватот кој блескаше и вчера – никој нема да го добие за помалку од 60 милиони евра!

Младиот дефанзивец моментално игра на позајмица од Тотенхем, кои го купија од Хајдук за 11…