
Синоќешниот натпревар помеѓу Ливерпул и Арсенал подигна голема прашина поради однесувањето на Габриел Мартинели.
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се огласи по спорната ситуација во дербито со Арсенал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Имено, се работи за моментот кога Габриел Мартинели го турна Конор Брадли надвор од теренот во моментот додека младиот дефанзивец на Редсите лежеше повреден на тревата.
Да потсетиме, натпреварот на Емирејтс заврши без голови (0:0), но многумина ќе го паметат токму по овој грд момент.
„Долга топка доаѓа, Конор влегува во дуел, паѓа на тревата и тогаш го турка Мартинели надвор од теренот. Нашите играчи реагираа и сите се собравме.
Не знаевме во тој момент што точно се случи, но не изгледаше добро, ни за Конор, ни за Мартинели“, искрено рече ван Дајк.
Нагласи дека реакцијата на играчите на Ливерпул не беше избрзана, туку природна.
„Сите беа незадоволни во тој момент. Не беше тоа неколку играчи, туку сите. И тоа со причина, бидејќи Конор лежеше на теренот, а да се турка повреден играч надвор од теренот навистина не е убавона глетка“, порача капитенот на Редсите.