
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, за првпат објави дека има напредок во неговите преговори со клубот за евентуален нов договор. Сегашниот договор истекува летово, а Холанѓанецот е еден од тројцата клучни играчи на ‘Црвените’ кои се во слична ситуација.
Мохамед Салах исто така води разговори за нов договор, додека според англиските и шпанските медиуми, Трент Александер-Арнолд веќе е сигурно ново засилување на Реал Мадрид.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Да, има напредок. Не знам дали ќе останам, ќе видиме. Се водат внатрешни дискусии. Ќе видиме. Јас го сакам клубот, го сакам Ливерпул и навивачите. Тие повторно беа тука за нас и ние сакавме да им возвратиме. Сакам повторно да бидат со нас на следниот натпревар во недела и да го претворат нашиот стадион повторно во едно исклучително место“, изјави Ван Дајк.
Ван Дајк, кој моментално е на 33 години, беше донесен од Саутемптон за 75 милиони фунти во 2018 година. Досега има 323 натпревари и 26 голови за тимот на ‘Црвените’.