
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (66), сподели каква порака му испратил на Федерико Валверде (27) по постигнатиот хет-трик минатата недела против Манчестер Сити во Лигата на шампионите (3:0). Уругвајскиот фудбалер ја одигра најдобрата партија во својата кариера на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, практично самостојно декласирајќи го англискиот првак во сензационалното прво полувреме. Неговиот хет-трик ја донесе значајната предност за шпанскиот гигант пред реваншот од осминафиналето, кој е закажан за вторник во 21 часот.
По мечот, Анчелоти, еден од омилените тренери на Реал, со приватна порака го поттикнал својот поранешен играч. Во интервју за „Mарка“, италијанскиот стратег изјави: „Му испратив порака на Феде Валверде. Му реков: ‘Штета што немаш бразилски пасош!’“
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Како долгогодишен поддржувач на Валверде, искусниот тренер долго време го поддржуваше овој фудбалер и додека соработуваа МУ покажа дека верува во него..