Дома Фудбал Вакво нешто ретко се гледа: Бизарен гол во Холандија со две топки на теренот

Вакво нешто ретко се гледа: Бизарен гол во Холандија со две топки на теренот

На натпреварот помеѓу НАЦ Бреда и АЗ Алкмар во холандската Ередивизија се случи една бизарна ситуација.

Имено, фудбалерите на Бреда тргнаа во контра напад, а на теренот во тој момент имаше две топки.


Тоа не ги збуни домашните играчи, па преку Омартсон постигнаа погодок кој судијата го призна.

Следуваа жестоки протести од гостите, но тоа не донесе промена и Бреда поведе со 1:0 веќе во 12. минута од натпреварот.

Сепак, на крајот сите три бода ги однесе АЗ Алкмар со пресврт 2:1 со голови на Парот во 76. и Де Вит во 92. минута.

Инаку, Бреда е деветти тим во првенството со 22 поени, додека АЗ е шести со 29 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бонучи се враќа во Јувентус – позната е неговата нова улога

Леонардо Бонучи би можел во скоро време да се врати во Јувентус, овој пат во тренерска уло…