Дома Останати Тенис Ѓоковиќ има нов тренер – голема промена пред почетокот на новата сезона

Ѓоковиќ има нов тренер – голема промена пред почетокот на новата сезона

Новак Ѓоковиќ ги започна подготовките за новата сезона во Атина, а со него на теренот беа Борис Бошњаковиќ и Далибор Сирола, но исто така ново лице кое не е толку познато за јавноста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Марко Ковач, специјалист за спортска наука, кондициска подготовка и биомеханика. Тој работел со многу спортисти на превенција од повреди и оптимизација на тренингот.

Може да се каже дека ова е најважното прашање за 2026 година за Новак Ѓоковиќ, со оглед на бројот на години и предиспозицијата за повреди.

Да потсетиме, тој беше принуден да го предаде мечот на Австрaлија опен против Александар Зверев, иако беше во одлична форма и преврте Карлос Алкараз едно коло порано.

Новак Ѓоковиќ ја заврши годината на четвртата позиција по освоениот турнир во Атина и со тоа ќе има полесен пат до полуфиналето, односно нема да биде во истата дел на жребот со Јаник Синер и Карлос Алкараз, доминантниот тандем на денешниот светски тенис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…