Дома Фудбал Вакво нешто не се памети: Го започнаа натпреварот во едни дресови, го завршија во други (Видео)

Вакво нешто не се памети: Го започнаа натпреварот во едни дресови, го завршија во други (Видео)

Една од најчудните ситуации од фудбалските терени доаѓа од Саудиска Арабија, каде што во 21-то коло силите ги одмерија Ал Ријад и Ал Раед.

Имено, двете екипи го започнаа натпреварот во бели дресови и поради тоа во ТВ преносот беше невозможно да се разликуваат, па гостите во продолжението се одлучија на неверојатен потег.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ги заменија белите дресови со црвени и со нив го продолжија натпреварот и успешно го привршија до крај.

Инаку, Ал Раед го победи Ал Ријад со резултат 3:1, а стрелци за гостите беа Ал Амри, Ел Беркауі и Сајуд, додека за домаќините точен беше Тозе.

Ал Раед моментално се наоѓа на 16-то место со 17 бодови од 22 одиграни натпревари, додека Ал Ријад е на осмото место со 30 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потегот на Реал Мадрид фудбалска Европа, навивачите не веруваат што читаат (Фото)

Реал Мадрид се наоѓа во криза со резултатите и навивачите веќе го губат трпението. Промена…