
Постојат клубови кои доминираат во своите првенства со години и децении. но она што го прават ракометарките на Крим од Љубљана навистина е нешто невидено во светот на спортот.
Ракометарките на Крим од Љубљана се апсолутни владари на словенечкиот ракомет. Овој тим не знае за пораз од далечната 2016 година.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Ракометарките на Крим вчера со резултат 40:26 ја совладаа Ајдовшчина во дуелот од првото коло на плеј-офот за првак на Словенија. Секако, ја оправдаа улогата на апсолутен фаворит и остварија победа.
Верувале или не, бројот на последователни победи во словенечкиот ракомет така го подигнаа на повеќе од 200. Поточно, ако се верува на податоците достапни на интернет, тоа е за Крим Љубљана 221. победа во Првенството на Словенија последователно.
Последниот пораз Крим Љубљана го запиша на далечниот 7 мај 2016 година од Веление. Се работи за дуел од последното коло.
РК Крим Љубљана досега дури 29 пати го има освоено трофејот за првак на Словенија и 28 пати трофејот за Куп. Сепак, во европските натпреварувања нема поголеми успеси во последно време, но тоа е тим кој два пати го стекнал трофејот на Лигата на шампионите (2001 и 2003 година).