Дома Фудбал Во Ливерпул 100% продолжуваат да му веруваат на Арне Слот

Во Ливерпул 100% продолжуваат да му веруваат на Арне Слот

Раководството на Ливерпул продолжува да има целосна доверба во менаџерот на тимот Арне Слот. Холанѓанецот го доживува својот прв кризен момент откако го наследи Јирген Клоп, по четирите последователни порази.

Во последниве денови се појавија и некои шпекулации дека иднината на Слот на „Енфилд“ веќе не изгледа толку сигурна. Сепак, Фабрицио Романо вели дека во моментот нема никаква опасност за стручњакот и раководството продолжува да има целосна доверба во Холанѓанецот и неговата способност да го надмине тешкиот период.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ова е тежок момент за Ливерпул, навистина тежок. Четири последователни порази во Премиер лигата не се очекуваниот старт на сезоната, особено по фантастичниот и возбудлив летен трансфер прозорец што го имаше Ливерпул минатата година. Се појавија толку многу прашања околу Ливерпул и ситуацијата на Арне Слот. Она што сакам да кажам е дека внатре во клубот – раководството и сите други навистина му веруваат на Арне Слот.

Тие се 100% убедени дека тој е најдобриот менаџер за справување со оваа ситуација. Очигледно, сезоната започна слабо, но Ливерпул е уверен дека сè ќе биде во ред. Ќе биде потребно малку време, но Ливерпул има целосна доверба во Арне Слот. Нема проблеми меѓу играчите и менаџерот“, истакна Романо во својот канал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус плаќа 41 милион евра на тројца тренери

Колку е далеку Јувентус од некогашниот сјај, најдобро покажуваат деловните потези при селе…