Дома Фудбал Ужасната вест за Џовани Леони и Ливерпул доби потврда

Ужасната вест за Џовани Леони и Ливерпул доби потврда

Стравувањата дека Џовани Леони добил една од најтешките повреди во фудбалот добија потврда. Според Фабрицио Романо, 18-годишниот Италијанец, кој вчера имаше одлично деби за Ливерпул, но беше изнесен на носилка на крајот од натпреварот со Саутемптон, има скинати предни вкрстени лигаменти во коленото.

Тоа значи дека Леони најверојатно ќе го пропушти целото тајно, со минимални надежи да биде подготвен за самиот крај на сезоната.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Ова значи дека Арне Слот ќе се потпре во следните месеци само на тројца вистински централни одбранбени играчи – првотимците Вирџил ван Дајк и Ибраима Конате, како и Џо Гомес. Во екипата уште е и Рич Вилијамс, но тој не играл за Ливерпул од мај 2021 година, иако беше во групата за вчерашниот дуел.

Ливерпул се обиде да привлече во последниот ден од летниот трансфер период Марк Геј од Кристал Палас, но лондонците го блокираа неговиот трансфер неколку часа пред затворањето на пазарот. При новите околности, Ливерпул сигурно ќе се обиде да привлече нов централен одбранбен играч во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Марка“: Винисиус се препороди благодарение на Модриќ

Винисиус Жуниор беше во почетниот состав против Леванте, среде дебатите што се отворија по…