Дома Фудбал Ужас за Баерн, јапонскиот фудбалер доживеа скршеница на десното стапало за време на натпреварот

Ужас за Баерн, јапонскиот фудбалер доживеа скршеница на десното стапало за време на натпреварот

Фудбалерот на Баерн и јапонскиот репрезентативец Хироки Итo нема да игра до крајот на сезоната, бидејќи повторно доживеа скршеница на коска на десното стапало, соопшти тимот од Минхен.

Ито се повреди на вчерашниот натпревар од 27-то коло од Бундеслигата помеѓу Бајерн и Санкт Паули (3:2). Тој влезе во игра во 58-та минута, но поради повредата мораше да го напушти теренот во 89-та минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во соопштението на Баерн се наведува дека јапонскиот фудбалер поради повредата подолг период ќе отсуствува од теренот.

Ито (25) дојде во Баерн во јуни минатата година од Штутгарт. Тој во јули минатата година на подготовките на минхенскиот клуб ја доживеа скршеницата на метатарзалната коска поради што оваа сезона одигра само осум натпревари за Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Антоан Гризман има нов клуб!

Францускиот крилен напаѓач Антоан Гризман е нов играч на Орландо Сити, и ќе се приклучи на…