
Апсолутниот светски шампион во тешка категорија, Олександр Усик, сериозно размислува да се префрли на октагон и своите вештини да ги стави на тест во ММА натпреварување.
Според информациите од неговиот менаџер, Сергеј Лапин, потенцијалниот противник на Украинецот би бил Џејк Пол, познат инфлуенсер кој веќе има искуство со неколку егзибициони мечеви.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лапин потврдува дека преговорите за можен дуел со Пол се веќе започнати.
“Нашиот тим активно работи на планирање на следниот меч. Ги разгледуваме најразличните опции кои ќе го привлечат вниманието на публиката. Секој борец го спомнува Џејк Пол. Нашата ситуација е различна бидејќи ние не сме заинтересирани за боксерски дуел. Го почитуваме Пол, но тој нема никакви шанси против Олександр. Но, ако станува збор за ММА меч, тоа веќе е друга приказна,” истакна Лапин.
Двајцата борци тренираат и други боречки вештини.
Менаџерот на Усик смета дека овој боречки спектакл би бил огромен и дека публиката ширум светот нетрпеливо би сакала да ги види овие двајца борци во октагон.
“Преговорите се веќе во тек и ако сè оди според планот, борбата би можела да биде закажана за почетокот на следната година,” заклучи Лапин.
Иако Усик е најпознат по своите боксерски подвизи, неговото знаење за други боречки спортови е исто така импресивно. Тренингот во џудо, самбо, кикбокс и борење му помага да се усовршува во боксот и да ги подобрува своите вештини на рингот.
Пол веќе неколку години посветено тренира ММА, но сè уште нема официјална борба во октагон.