
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја постигнаа седмата последователна победа, откако претходната ноќ ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 133:121.
Херојот на триумфот повторно беше незапирливиот Лука Дончиќ, кој дури 20 поени постигна веќе во првата четвртина од натпреварот. Натпреварот го заврши со 34 поени, 12 скока и седум асистенции.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Лејкерси доминираа во првиот дел од натпреварот. По првата четвртина водеа со 46:27, а на одмор заминаа со убедливи 77:57. Тоа беше најголем број поени што ги постигнаа за полувреме оваа сезона.
Пеликанс го најдоа ритамот во третата четвртина, успеаја да го намалат заостанокот и последниот период од играта го започнаа со изводливи -11 (100:89). Сепак, тимот од ЛА во последната четвртина рутински ја задржа предноста и на крај заслужено победи.
Освен маестралниот Дончиќ, сјајна партија прикажа и Остин Ривс, кој натпреварот го заврши со 33 поени и осум асистенции, додека Деандре Ејтон имаше 22 поени и 13 скока.
.