Дома Моторспорт Уште еден добар настап на Иџе: Стигна до подиум во Австрија!

Уште еден добар настап на Иџе: Стигна до подиум во Австрија!

Игор Стефановски – Иџе продолжува да го пишува својот успех на европската сцена. Македонскиот ас викендов настапи на втората трка од новоформираниот ФИА Европски шампионат на ридски патеки (еHC) и на легендарната патека Рехбер во Австрија успеа да се искачи на подиумот, освојувајќи го третото место во генералниот пласман меѓу над 250 натпреварувачи од цела Европа.

По четвртата позиција во првото возење, Иџе во вториот настап забележа извонредно време, доволно за да обезбеди бронзен медал во вкупниот пласман.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Трето место на легендарниот Рехбер, меѓу најдобрите натпреварувачи на Стариот континент, е навистина голем успех. Гордо стојам на подиумот благодарение на тимската работа и на Ферари кои го подготвија мојот автомобил совршено за оваа специфична патека. Борбата беше жестока, особено со ривали чии возила имаат над 1.000 коњски сили и погон на сите четири тркала. Искуството стекнато низ годините ми овозможи да бидам конкурентен и во ваква жестока конкуренција. Благодарен сум и на моите спонзори, како и на Министерството за спорт за континуираната поддршка,“ изјави Стефановски по трката.

Иџе годинава настапува со својот автомобилски ѕвер – специјално припременото Ферари 488 B8, а како поранешен европски шампион во група 1 на ридски патеки, уште еднаш покажува дека и во новата ера на шампионатот останува во самиот врв.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Сензација во Ф1: Расел и Ферстапен ќе ги променат тимовите?

Возачот на Мерцедес во Формула 1, Џорџ Расел, разговараше со новинарите за состојбата на п…