Дома Фудбал Репрезентации УЕФА ги одреди казните за инцидентите во Букурешт на натпреварот Романија – Косово

УЕФА ги одреди казните за инцидентите во Букурешт на натпреварот Романија – Косово

Натпреварот помеѓу Романија и Косово не го дочека крајот бидејќи гостинските фудбналери поради скандирање на трибините предвреме заминаа во соблекувалната.

На крајот УЕФА одлучи средбата се додели со службен резултат за домаќините од 3:0, а денес се соопштени и паричните од кои најмногу се погодени Романците како организатори на средбата.
Косово освен што го загуби службено натпреварот ќе плати и 6.000 евра поради недолично однесување.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Од друга страна Романија ја чекаат казни од: 30.000 евра за пораки на кои не им е место на спортски настани, казна за фрлање предмети на теренот (9.000 евра), употребна на пиротехнички средства (4.500), употреба на лансерски покажувач од навивачите (8.000 евра) и казна за предизвикување бунт при интонирање на национална химна (12.500).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Младата сензација на Арсенал постави нов премиерлигашки рекорд

Арсенал обезбеди, како што изгледа, клучен чекор кон титулата со победата над Евертон (2:0…