Дома Останати Кошарка Убави вести од Тексас: Дончиќ подготвен за НБА спектаклот!

Убави вести од Тексас: Дончиќ подготвен за НБА спектаклот!

Далас Маверикс дефинитивно не се истиот тим кога играат без ол-стар играчот Лука Дончиќ кој паузира поради повреда на мускулот на листот против Минесота на 25 декември.

Словенецот оттогаш е надвор од составот, но најновите информации најавуваат негово враќање пред вистинскиот НБА спектакл.


Се очекува Дончиќ да биде подготвен за Ол-стар викендот што се одржува од 14 до 16 февруари, по што ќе може да помогне на тимот на Џејсон Кид.

И оваа сезона Дончиќ играл одлично пред повредата, со просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции по натпревар, а одигра 22 натпревари.

Маверикс моментално се наоѓаат на шестата позиција во Западната конференција со 22 победи и 18 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лоши вести за Јокиќ и Денвер пред финалната битка со Оклахома

Арон Гордон е неизвесен за клучниот натпревар на Денвер против Оклахома. Според извори од …