Дома Фудбал Убав гест: Сараево ќе покаже голема почит кон Халид Бешлиќ

Убав гест: Сараево ќе покаже голема почит кон Халид Бешлиќ

Интересен предлог од страна на еден од членовите на Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

Фудбалскиот клуб Сараево официјално достави барање до Општината да ја поддржи иницијативата западната трибина на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ да биде именувана по неодамна починатиот Халид Бешлиќ. Ова би бил знак на благодарност и признавање на неговиот извонреден придонес во културата, хуманитарната работа и долгогодишната врска со Сараево и ФК Сараево, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пејачот Халид Бешлиќ, кој за многумина претставува симбол на Сараево, почина на 7 октомври 2025 година, на возраст од 72 години. Веста за неговата смрт предизвика реакции низ целиот регион, каде што обожавателите на неговата фигура и дело се збогуваат со легендарниот пејач.

„На нашиот Халид, пријател и верен навивач. Во име на сите навивачи на ФК Сараево, вработените и играчите, како и на Управниот одбор, ти искажуваме длабока благодарност за сè што направи за нашата татковина, за овој град и за нашиот клуб, не само преку песна, туку и преку својот живот, карактер и љубов кои ги делеше со сите нас низ годините.

Оттука, од денес, западната трибина ќе го носи твоето име, за да се знае и запамети, секоја песна и секој повик од неа да биде и твојот глас.

Благодариме ти, Халиде, што беше наш. Оваа трибина, овој клуб и овој град ќе те паметат вечно. Нека ти е рахмет на душата. „Сараево, среќо моја…” Твојот клуб, ФК Сараево“, објави клубот на своите социјални мрежи.

Трибината која ќе го носи името на Халид Бешлиќ, според клубот, ќе биде знак на благодарност за човекот кој со децении беше пријател на клубот и чест гостин на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд е во Барселона, но најголемите проблеми му се од Манчестер – милионите му „летнаа“ во воздух!?

Ете ти го, Маркус Рашфорд, фудбалер што сега се приклучи на Барселона на позајмица, ама не…