Дома Македонски спорт Мак фудбал Tурски тренер е наследникот на Гоце Седлоски!

Tурски тренер е наследникот на Гоце Седлоски!

Тимот на Шкупи го доведе наследникот на Гоце Седлоски, нов стратег на клупата на чаирчани е Џихан Арслан.

Арслан е искусен 53-годишен стратег, а негов најголем успех со настапот во Лига Европа со турскиот тим Акхисар во сезоната 2018/2019. Во групната фаза тогаш играше против Севиља, Краснодар и Стандард.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Покрај Акхисар работеше уште во Малатијаспор, Касимпаша, Маниса, Аданаспор, додека како фудбалер еден период беше дел и од Галатасарај.

Помошник со него на клупата ќе му биде Февзи Лајич. Шкупи во овој момент е второпласиран тим на табелата со 42 бода, четири помалку од првопласираната Струга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…